Ибрахимовиќ даде гол на осмиот меч во низа во Серија А, негова најдолга серија во кариерата

Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ се искачи на врвот на листата на стрелци во Серија А со двата гола против Наполи. 

Милан одново се врати на врвот на табелата благодарение на големиот триумф на гости во Неапол. Ова е прво славје на „росонерите“ на теренот на големиот ривал по 2010 година.

Швеѓанецот има 39 години и покажува неверојатни квалитети во овој дел од кариерата. Со погодоците на „Сан Паоло“ ја продолжи серијата кој сега гласи реализација на осум меча во низа во италијанското првенство.

Ибрахимовиќ погоди во сите шест меча од тековната, како и на последните два од ланската сезона. Низата започна со два гола против Сампдорија, еднаш реализира со Каљари, а во сезоната 2020/21 од него „настрадаа“ Болоња, Интер, Рома, Удинезе, Верона и Наполи.

Со десет гола на шест меча, искусниот напаѓач во дресот на Милан се осамостои на листата на голгетерите, каде го следи уште еден ветеран, Кристијано Роналдо со осум гола за Јувентус.