Ибра: Жал ми е да гледам ваков Милан, постои само едно решение

По само седум одиграни кола, челните лица на Милан сфатија дека направија грешка што довербата за шеф на стручниот штаб му ја доделија на Марко Џампаоло, па по вчерашниот отказ, денес експресно реагираа и го назначија Пиоли за негов заменик.

Ситуцијата во миланскиот гигант не е сјајна, а поранешниот голгетер на миланезите јавно искажа дека му е жал што поранешниот европски и италијански шампион е во ваква ситуација и посочи дека постои само едно решение за излегувањето од кризата. 

„Тажен сум што го гледам Милан во ваква ситуација. Сите знаеме каде му е местото на она овој клуб. За Милан треба да играат најдобрите играчи на светот, но во овој момент тоа не е така. Само со сериозни инвестиции може да се постигне нешто во овој момент. Мислам дека тоа е единственото решение. Без пари нема да добиете квалитет“, рече членот на Лос Анџелес Галакси. 

Ова лето клубот од Милано започна нова ера на чело со двоецот директори Паоло Малдини и Звонимир Бобан, но ниту легендите на клубот не се снајдоа најдобро и со разрешувањето на Џампаоло сфатија дека тргнаа по погрешен правец.