Ибра во свој стил: Донарума можеше да стане „господин Милан“ како Малдини, но...

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума има активен договор до крајот на месецов, а засега нема индиции дека ќе го продолжи и веројатно ќе замине како слободен агент. 22-годишникот не можеше да се договори со управата за платата и Милан се откажа од него, па го доведе Мајк Мењо. 

Донарума веќе бранеше за Милан на преку 250 натпревари, а многу пати веќе беше и капитен на тимот. За ситуацијата на младиот голман зборуваше и Златан Ибрахимовиќ кој даде интересна изјава. 

„Жал ми е за Донарума, тој е најдобриот голман на светот. Ја мина академијата на Милан и можеше да биде тука наредните 20 години. Џиџо можеше да стане „Господин Милан“, како Малдини, но потребни се двајца за танго. Јас би го советувал да остане во Милан до крајот“, изјави Ибра. 

Ибрахимовиќ веќе се договори со Милан, ќе остане во клубот и наредната сезона и ќе заигра пак во Лигата на шампионите.