ВИДЕО: Ибра стави шлаг на тортата - супер-гол на Швеѓанецот против Каљари!

Милан е најуспешната екипа во Серија А по рестартот во јули. Најголеми заслуги за серијата без пораз имаат Пиоли и Ибрахимовиќ и двајцата ќе добијат нови договори. Во победата од 3-0 во последното 38. коло, Ибра вгради еден прекрасен гол, негов десетти сезонава.

Швеѓанецот со топовски удар со десната нога ја погоди мрежата на Крањо и ја најави победата.

  • Голот на Ибрахимовиќ против Каљари: 

На вечерашниот дуел на „Сан Сиро“ против тимот на Зенга, Ибрахимовиќ не реализира најстрога казна.