Ибра шокиран: Прашав колку соиграчи од Милан играле во ЛШ, мислев дека е шега!

Фудбалерите на Ливерпул и Милан одиграа супер-возбудлив натпревар во Лигата на шампионите, на кој минимална победа од 3-2 извојува англискиот тим, иако „росонерите“ имаа водство на полувреме од 1-2.

На овој натпревар италијанскиот гигант не можеше да смета на својата прва ѕвезда, Златан Ибрахимовиќ, кој поради ситна повреда остана во Милано. Шведскиот ас во своето последно интервју призна дека бил шокиран од фактот колку негови соиграчи досега биле дел од европската фудбалска елита.

„За поголемиот дел од играчите на Милан, натпреварот со Ливерпул беше нивно деби во Лигата на шампионите. Среќен сум што го почувствуваа тоа и сфатија што значи да се игра во тоа натпреварување.

Ги прашав колкумина досега играле во Лигата на шампионите, а рака кренаа само двајца или тројца. Мислев дека е некоја шега, но тоа беше вистината“, рече Златан.

Милан одлично ја започна новата сезона и во домашниот шампионат има три победи од исто толку натпревари со скор од седум постигнати и само еден примен гол.

Состави

Jurgen Klopp

4-4-2

    Stefano Pioli

    4-4-2