• Иван Димовски

Златан Ибрахимовиќ реши да го прифати повикот од селекторот Андерсон и се врати во репрезентацијата на Шведска, а денес заигра од првата минута против Грузија.
Првата ѕвезда на Милан уште еднаш покажа дека им пркоси на годините и со атрактивна асистенција означи кам-бек во националниот дрес. Ибрахимовиќ прими топка на гради и без гледање го проигра Виктор Клаесон кој погоди.
- Асистенцијата на Златан и голот на Клаесон:
Иако некое време беше повреден, Ибрахимовиќ се врати во голгетерски ритам, погоди на првиот старт за Милан минатото коло кај Фиорентина, а сега до полувремето запиша и асистенција.