Ибра: Потребен му бев на Милан, се мотивирам кога зборуваат за моите години!

Златан Ибрахимовиќ минатата зима се врати во Милано и потпиша договор со „росонерите“. Тој моментално е главна фигура во редовите на Стефано Пиоли и најдобар стрелец на Серија А со десет погодоци. 

Швеѓанецот ја доби наградата за играч на годината во својата земја, а во интервју за тамошните медиуми зборуваше за своите мотиви и адреналинот кои го водат низ кариерата. 

„Адреналинот се крена кога ме повикаа од Милан по поразот во Бергамо. Не е за договорите, туку мора да имам адреналин. Се будам рано наутро со болки во телото, ама одам во теретана за да останам фит. Мора да бидеш мотивиран и да си поставуваш цели. 

Го прашав Мино Раиола: „Кому сум му потребен?“, тој ми одговори на Милан, само ти можеш да го вратиш клубот каде што беше во минатото. Луѓето не разбираат дека кога ќе кажат дека имам 39 години, всушност ме мотивираат. Се будам секое утро за да докажам дека можам да ја исполнам целта“, изјави Ибра. 

Освен за својата форма и мотивација, во интервјуто Златан кратко одговори и за повредата која ја здоби на дуелот со Наполи.

„Повредата не е сериозна. Ќе паузирам една или две седмици“, кратко порача Швеѓанецот.

Милан ќе мора во наредните неколку натпревари да игра без Златан Ибрахимовиќ, што веќе беше случај сезонава кога тој беше позитивен на ковид-19.