• Мартин Танасковски

Најголемата ѕвезда на Милан, Златан Ибрахимовиќ, по долга пауза повторно се враќа во комбинација за настап во дресот на „росонерите“.
Швеѓанецот последниот натпревар го одигра во месец ноември, во победата на гости кај Наполи (1-3). Даде два гола, ама и се повреди.
Досега пропушти 11 средби, а за натпреварот против Торино тој е во конкуренција за настап.
Враќањето на Ибрахимовиќ е добра вест за Милан, посебно по поразот од Јувентус во претходното коло.