ВИДЕО: Ибра пак им пркоси на годините - му требаа две минути да погоди со Рома

Дербито на колото меѓу Милан и Рома кое воедно и ќе ја комплетира петтата рунда во италијанската Серија А, не чекаше многу за отворање на резултатот. 

Златан Ибрахимовиќ уште еднаш покажа дека е гол-машина и покрај тоа што има 39 години и за само две минути постигна гол за предност на Милан против Рома. Сепак, признание мора да му се оддаде на Рафаел Леао, кој со ефектен лоб-пас го проигра Швеѓанецот, а овој лесно го мина Миранте и погоди во празна мрежа.

  • Голот на Ибрахимовиќ против Рома:

Контроверзниот напаѓач игра во неверојатна форма и им пркоси на годините. Ибра му даде два гола и на Интер, со што „росонерите“ запишаа триумф (1-2) по полни четири години во првенството на Италија. 

Сепак, веќе во 15. минута Рома се врати во игра и израмни преку Џеко, откако голманот Татарушану направи груба грешка и излета на центаршут.