Ибра: Не се чувствувам како лав, јас сум лав – а тој што ме провоцираше...!

Златан Ибрахимовиќ повторно беше херој на италијанскиот гигант Милан. Овој пат блескаше во најголемото дерби на миланскиот клуб, откако со два гола ги реши дилемите околу победникот против градскиот ривал Интер (1-2).

Иако пред само три седмици беше заразени со вирусот ковид-19, Ибра ги одигра сите 90 минути на „Џузепе Меаца“, а по натпреварот беше запрашан за гестикулацијата при славењето на вториот гол, која ја испрати кон трибините од стадионот. 

„Некој од публиката ме провоцираше и му порачав дека ова е за него. Јас не се чувствувам како лав, јас сум лав. Среќен сум од победата, но ова е само почеток на сезоната. Дали постои можност да се освои скудетото? Зошто да не, само треба да веруваме во тоа“, рече Ибра.

Со оваа победа Милан лидер на табелата и останува единствен калчолигаш со максимален број бодови (12), по четири одиграни кола.