Ибра му удри шамар на Јовиќ: Еве како реагираше српскиот напаѓач (ВИДЕО)

Екипата на Милан во четвртокот на „Сан Сиро“ го победи Рен со 3-0 во првиот плеј-оф натпревар за осминафиналето вп Лигата на Европа и со тоа направи голем чекор кон пласман меѓу најдобрите 16 екипи. 
Јунак на натпреварот на Милан беше двојниот стрелец Рубен Лофтус-Чик, кој погоди во 32. и 48. минута, а третиот гол за италијанскиот тим го постигна Рафаел Леао во 53. минута.

Српскиот напаѓач, Лука Јовиќ не настапи на оваа средба, но по неа се најде на социјалните мрежи поради средбата со легендата на Милан, Златан Ибрахимовиќ. На Х (поранешен Твитер) видеото од таа средба стана вирално, односно моментот во кој легендарниот шведски напаѓач, сега вработен во клубот, му удира шлаканица на Јовиќ во знак на поздрав и поддршка, а Србинот возврати со насмевка.

Ибрахимовиќ за Милан одигра 163 натпревари и постигна 93 гола и впиша уште 35 асистенции. Со Милан освои две шампионски титули на Италија.

Состави

Серџо Консеисао

4-2-3-1

    Хорхе Сампаоли

    4-4-2