ВИДЕО: Ибра испиша историја во калчото, но Удинезе го изненади Милан

Екипата на Удинезе на домашен терен го победи Милан (3-1) и ја направи битката за Лигата на шампионите уште поинтересна на единаесет кола пред крајот на италијанската Серија А.

„Зебрите“ играат допадливо оваа сезона и за разлика од претходно, сега се на осмото место на табелата. Милан трето коло по ред не победува во Серија А, тоа го однесе тимот на четвртото место на табелата.

Овој натпревар го одбележа и Златан Ибрахимовиќ кој со 41 година стана најстариот играч стрелец во историјата на Серија А и на листата го мина Алесандро Костакурта. Откако Переира донесе предност за Удинезе, Ибра погоди од пенал во третата минута од судиското надополнување за 1-1, меѓутоа Бето две минути подоцна стрела за 2-1 за „црно-белите“ на паузата.

Во второто полувреме Милан се отвори и тргна на гол, а можноста кај Удинезе ја искористи Ехизибуе во 70. минута кој го матира третпат Мањан на овој натпревар и ги постави конечните 3-1 на стадионот „Дачија Арена“.

  • Удинезе - Милан 3-1: 

На овој натпревар по долго време во протоколот беше македонскиот напаѓач Илија Несторовски, но остана на клупата на Удинезе до крајот. Поразот за Милан доаѓа во лош момент, затоа што во следната рунда игра со Наполи. Удинезе, пак, гостува кај Болоња.

Попладнево во Салерно, Салернитана и Болоња играа без победник (2-2). Пирола и Диа ги постигнаа головите за тимот на Пауло Соуса, а Фергусон и Ликојанис погоди за гостите. 

Новите прволигаши Монца и Кремонезе одиграа 1-1. Чофани ги доведе гостите во водство, а Карлос Аугусто израмни за домаќините. 

Состави

Andrea Sottil

3-5-2

    Стефано Пиоли

    3-4-2-1