ВИДЕО: Ибра и Ребиќ блескаа, Милан не го дава врвот во Серија А!

Италијанскиот калчолигаш Милан не го дава врвот. „Росонерите“ на домашен терен го прегазија Кротоне (4-0) и се вратија на првата позиција на табелата на која еден ден беше градскиот ривал Интер.

  • Милан - Кротоне 4-0:

Двата милански клуба водат трка за лидерската позиција, но Милан не ја дава веќе подолго време. Фаворитот на хартија ја оправда улогата, а на овој дуел беше воден од напаѓачите Златан Ибрахимовиќ и Анте Ребиќ.

>>> Јубилеј за легендата: Ибра запиша 500 гола во клупската кариера

И двајцата постигнаа по два гола во мрежата на Кротоне. Првите два гола беа дело на Ибрахимовиќ и Швеѓанецот дојде до јубилеј - 500. гола во клупската кариера, а следните два ги даде Ребиќ, по асистенција на турскиот фудбалер Хакан Чалханоглу.

  • Удинезе - Верона 2-0:

Удинезе дојде до победа над Верона (2-0) во самиот финиш. Делофеу влезе по десната страна и во обид да нафрли топката ја закачи Марко Силвестри кој ја смести во соптвената мрежа. Потоа, истиот фудбалер стрелаше во 91. минута за конечни 2-0. Илија Несторовски доби шанса за настап и го одигра целото второ полувреме.