Ибра и Исаксон се родија на ист ден и ја завршија репрезентативната кариера во ист ден

Gol.mk на EURO 2016

По поразот синоќа во Ница од Белгија, Златан Ибрахимовиќ и голманот Андреас Исаксон го потврдија повлекувањето од репрезентацијата. Ибрахимовиќ и Исаксон се родени во ист ден, на 3 октомври 1981 година, а во ист ден ги завршија кариерите.

„Горд сум што сум постигнал. Бев само едно мало момче кое доаѓа од еден мал кварт во Малме, а ја добив честа да ја претставувам и како капитен да ја предводам својата земја“, рече Ибрахимовиќ по мечот со Белгија.

Напаѓачот за „викинзите“ даде 62 гола на 115 одиграни натпревари. Голманот Исаксон против Белгија го одигра 133. меч за Шведска.