ВИДЕО: Ибра го победи ковидот, па експресно му даде два гола на Интер!

Миланското дерби започна поволно за номинално гостинот, Милан. По една полуконтра, Ибра му побегна на Коларов, овој невнимателно го сруши и главниот судија Маријанини покажа на белата точка. Спротивно од непишаното фудбалско правило, Ибрахимовиќ ја презеде одговорноста пред Хандановиќ.

Словенечкиот чувар на мрежата го прочита 39-годишниот ветеран и му го одбрани казнениот удар, но на одбиената топка најбрз беше Ибра и го отвори резултатот (0-1). 

Само неколку минути подоцна, Леао му побегна на Д'Амброзио по левата страна, убаво центрираше, а Ибрахимовиќ од само неколку метри ја втурна топката во небранетата мрежа (0-2).  

Ибрахимовиќ во претходните две недели не тренираше со екипата заради позитивен ковид-тест.