Ибра е вечен – стана единствен фудбалер со голови во четири децении

Златан Ибрахимовиќ беше автор на еден гол во победата на својот нов клуб Милан во саботниот натпревар против Каљари (0-2), кој се играше во рамки од 19. коло на Серија А.

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Ибра се врати, навистина се врати – даде деби-гол за Милан!

Шведскиот ветеран пред неколку седмици го засили италијанскиот гигант, со цел да го врати тимот на старите патеки, а со овој погодок испиша историја и стана единствениот фудбалер кој постигнал гол во последните четири децении. 

Звучи неверојатно, но кога се работи за Ибра речиси се е возможно. Легендарниот напаѓач во 90-тите постигна еден гол, во првата деценија од новиот милениум запиша 169 гола, во втората 304 и против Каљари го постигна првиот гол на официјален натпревар во новата деценија.  

Својот прв гол како професионален фудбалер го постигнал во 1999 година во дресот на Малме. Потоа настапуваше во Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Лос Анџелес Галакси.