Ибра: „Деца“ ја уништија статуата, ама не можат мене и мојата историја!

Златан Ибрахимовиќ за време на прекинот поради коронавирусот е во родната Шведска. Тамошните медиуми направија интервју со најголемата фудбалска ѕвезда од земјата во кое се говореше и за уништувањето на статуата.

Ибра во родниот Малме беше третиран како „Бог“, меѓутоа откако се реши да инвестира во лутиот ривал Хамарби, навивачите го замразеа. Истовремено ја уништија и неговата статуа која беше направена во знак на почит.

„Потегот беше тажен. Оние кои ги знаат деталите никогаш не би направиле нешто такво. А, оние кои со детско однесување сакаат медиумско внимание, тоа е друго. Ние сме поголеми од тоа. Статуата беше таква каква што беше, а тоа што ја уништија неа, не значи дека ме уништија мене и мојата историја. Таа е тука засекогаш“, изјави Ибрахимовиќ.

Шведскиот голгетер моментално е член на италијански Милан, а според најавите не размислува на пензија и ќе одигра уште најмалку една до две сезони.