• Мартин Танасковски

Џемал Ибиши ги договори сите детали со хрватскa Локомотива Загреб и ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите.
Еден од најталентираните македонски фудбалери одамна најави заминување од Вардар, поради финансиската криза, смената на раководството и намалувањето на клупскиот буџет.
„Одлично е што ќе играме во Лигата на шампионите и ќе дадеме се од себе во европскиот предизвик. Хрватската лига е подобра од македонската, поквалитетна, на поголемо ниво и е одлична отскочна даска за во Европа. Имам голем мотив да се докажам во Локомотива“, изјави Ибиши.
Деталите на договорот меѓу Ибиши и Локомотива засега не се познати, но се очекува соработката да е на подолг рок.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.