ВИДЕО: Ибишевиќ покажа класа, берлинското дерби за Херта

Херта Берлин продолжи со добрите партии во Бундеслигата по продолжението на сезоната и во берлинското дерби го разби (4-0) градскиот ривал Унион Берлин во првиот натпревар од 27. коло на шампионатот на Германија.

  • Извештај од натпреварот:

Очигледно екипата се трансформира под Бруно Лабадија и со шест бода во шест дена, Херта чекори кон безбедната зона и веројатно стравовите за испаѓање од елитата се минато. Првото полувреме не наговестуваше убедлива победа на домаќините, но фантастичниот втор дел и четирите гола во мрежата на противнинот им донесоа полн плен на домашните. 

Класа покажа ветеранот Ведад Ибишевиќ, кој на „Олимпискио стадион“ учествуваше во триумфот со гол и две асистенции. Токму Ибишевиќ го отвори резултатот во 51. минута, а потоа во 51. и 62. минута напаѓачот асистираше до Лукебакио, односно Чуња. Точка на победата на домаќинот стави Бојата кој се запиша во листата на стрелците во 77. минута.

Херта Берлин се наоѓа на десеттото место во Бундеслигата, додека Унион Берлин со два порази во низа по рестартот падна на дванаесеттото место.