Ибишевиќ доби отказ поради тепачка со асистентот на тренерот Баум

Ибишевиќ

Хаос настана во редовите на Шалке 04 по кој отказ заработи босанскиот напаѓач Ведад Ибишевиќ.

Тимот од Гелзеркирхен минува низ многу тежок период. Нема победа во новата сезона, а не знае за успех во Бундеслигата цели 24 натпревари во низа. Тоа донесе тензија која кулминираше по мечот со Волфсбург.

Набил Бенталеб и Амине Харита покажаа непочитување кон тренерот Мануел Баум, а ден подоцна на тренинг Босанецот направи тепачка со неговиот асистент и бивш член на клубот, Бразилецот Налдо.

Како последица на случувањата, Бенталеб и Харита заработија суспензија и ќе тренираат одвоено од тимот, а Ибишевиќ доби отказ и нема повеќе да го носи дресот на бундеслигашот.

Во соопштението Шалке 04 го потврди инцидентот и дека тој наводно не бил причина за оваа одлука на управата.