Иако се повреди, Стефан Ристовски против Карабах во ЛШ запиша јубилеј

Македонскиот фудбалер Стефан Ристовски запиша голем јубилеј за Динамо Загреб. 

Искусниот бек беше стартер во мечот од плеј-офот за Лигата на шампионите против Карабах, но се повреди и по 21 минута беше заменет. И покрај тоа, Ристовски го запиша својот 150. официјален настап за „модрите“. Хрватскиот шампион не ја пропушти шансата и му го честита јубилејот со објава на социјалните мрежи. 

Стефан Ристовски пристигна во Динамо Загреб во 2021 година, оттогаш освои осум трофеи од кои четири во првенството, а е еден од милениците на публиката. Со својата пожртвуваност и залагање Македонецот е стандарден првотимец на Динамо.

Инаку, Динамо со 3-0 го совлада Карабах и е на чекор до главната фаза во Лигата на шампионите,