Иако Реал ја победи Барса, Рамос имал вербална пресметка со две ѕвезди

Капитенот и лидер на Реал Мадрид, Серхио Рамос очигледно имал што да им каже на своите соиграчи по новиот неуспех во Лигата на шампионите. „Кралевите“ имаат само еден бод по две кола, а вчера се извлекоа кај Борусија Менхенгладбах (2-2). 

Според најавите од Шпанија, легендарниот стопер по натпреварот ги „построил“ двете ѕвезди, кои повеќе немаат голема улога во тимот, Иско и Марсело. Наводно, Рамос им замерил на долгодишните соиграчи дека не се трудат доволно. 

Иако не се стандардни првотимци и често остануваат на клупата, Рамос смета дека двете ѕвезди мора да се трудат повеќе и да се борат за место во тимот, со што ќе ги поттикнат и останатите. Капитенот имал вербална пресметка со Иско и Марсело непосредно по „Ел Класико“, каде иако Реал Мадрид победи кај Барселона (1-3), Рамос им замерил на соиграчите.