Иако лани испадна, Каменица Саса пак ќе игра во ВМФЛ! 

Комитетот за итност на ФФМ донесе одлука, екипата на Каменица Саса и во следната сезона да се натпреварува во Втората македонска фудбалски лига. 

Иако во ланската сезона Саса забележа неупсех и испадна од второлигашкото друштво, по откажувањата на Дојранско Езеро, Тиверија и Детонит јуниор, се отворија места за пополнување, а првото му е доделено токму на тимот од Македонска Каменица.

Оваа информација денес ја потврди самиот клуб преку соопштение до јавноста: 

„Почитувани љубители на фудбалот, драги верни навивачи на ФК Каменица Саса,

Комитетот за Итност при ФФМ на состанокот врз основа на искажаниот интерес од ФК Каменица Саса за натпреварување во Втората Македонска Фудбалска Лига за сезоната 2019/20 донесе одлука ФК Каменица Саса да биде десетиот член на Втората Македонска Фудбалска Лига–Исток за сезоната 2019/220. Оваа одлука не е донесена само заради интересот на нашиот клуб, туку е донесена, бидејќи исполнети се сите критериуми за ФК Каменица Саса да се натпреварува во лигата, а тоа се спортските, административно-правните, инфраструктурните и финансиските критериуми согласно барањата за лиценцирање на ФФМ.

ОД ДЕНЕС И ОФИЦИЈАЛНО ФК КАМЕНИЦА САСА ОСТАНУВА ДА СЕ НАТПРЕВАРУВА ВО ВТОРАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА.

Ни следи огромна работа и многу мудри одлуки, а ќе ни треба силна желба, голема поддршка и верба во позитивни резултати.
Со почит“.