• Иван Димовски
Фудбалската репрезентација на Сенегал остана без селектор, бидејќи Алиу Сисе доби отказ од оваа позиција.
Сојузот на Сенегал го потврди ова преку официјалните канали, а образложи дека е незадоволен од резултатите и растечката непопуларност на репрезентацијата во земјата. „Удел“ во одлуката имаше и министерката за спорт Кади Диене Гаје која испрати писмо до федерацијата образложувајќи дека не одобрува продолжување на договорот на селекторот.
Инаку, Алиу Сисе ја водеше репрезентацијата на Сенегал девет години, го освои Африканскиот Куп на нации и учествуваше на двата Мундијали во тој период, во Катар играјќи и осминафинале.