• Горан Упале
Мохамед Салах одигра фантастично прво полувреме против Манчестер Сити, забележа мајсторска асистенција при голот на Гакпо, но во второто полувреме го промаши невозможното.
Египетскиот офанзивец покажа дека и тој е само човек, откако во 56. минута излезе сам пред Оргета и можеше да бира каде да шутира, но на крај го промаши целиот гол и го остави Сити во игра во големото дерби.
- Промашувањето на Салах против Манчестер Сити:
Салах во продолжението од средбата се оддолжи за промашувањето, бидејќи го реализира пеналот за својот тим.