• Мартин Танасковски

Екипата на Салернитана ја прекина црната серија и по девет натпревари без победа во сите конкуренции успеа да слави над Лече (1-2) во рамки на 20-тата рунда во Серија А.
Тимот од Салерно дојде до три бода на гостувањето кај директниот ривал во битката за опстанок. Со оваа победа, Салернитана го прескокна Лече на табелата. Двата погодока за триумф ги дадоа Диа и Вилхења во првиот дел. За домаќинот реализира Стрефеца.
- Лече - Салернитана 1-2:
Салернитана со овие три бода скокна на четиринаесеттото место со 21 бод, Лече е петнаесетти со 20 бода.
- Болоња - Специја 2-0:
Претходно, Болоња на домашен терен беше подобра од Специја (2-0). Пош и Орсолини донесоа три бода за тимот кој е можеби најпријатно изненадување во калчото и котира на деветтото место.