И тоа се случи: Мануел Ноер „поцрвене“ првпат по дури 866 натпревари

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, за првпат во својата богата кариера доби црвен картон и ќе мора да ги „одмори“ следните два натпревари во Купот на Германија. 

Искусниот чувар на мрежата доби директен црвен картон на мечот со Баер Леверкузен, а ова за него беше прво исклучување во вкупно 866 одиграни средби. Ноер беше исклучен во 17. минута кога се обиде прв да стигне до топката и го оттурна Џереми Фримпонг, а потоа неговиот Баерн загуби со минимални 1-0 и отпадна од трката за вториот најважен трофеј во Германија. 

Голманот доби дополнителна суспензија од два натпревари, но истата ќе се активира само доколку и следната сезона остане во Баерн или во некој друг германски клуб.

Состави

Винсент Компани

4-3-3

    Чаби Алонсо

    4-4-2