• Мартин Танасковски
Екипата на Челзи си ја заврши работата, запиша пресврт-победа над Вест Хем (2-1) во малото лондонско дерби и скокна на едно од местата кои водат во Лигата на шампионите следната сезона во Премиер лигата.
- Извештај од натпреварот:
Малкумина ги гледаа „сините“ на ова место на табелата по лошиот старт, меѓутоа екипата на Мареска со добра форма се креваше. И сега ја казни лошата форма на Манчестер Сити, кого го прескокна на табелата во англиската елита и го спушти на петтото место.
По првиот дел Вест Хем имаше предност благодарение на голот на Боувен пред крајот на првиот дел во 42. минута. Играчот на „чеканите“ го казни киксот на Колвил кој му додаде пред голот и така го совлада Јоргенсен. Мареска потоа направи измени кои придонесоа за пресврт.
Прво, Нето во 64. минута израмни на 1-1, а Кол Палмер со помош на Ван Бисака направи пресврт во 74. минута. Можеше Вест Хем да дојде до бод во самиот финиш, ама блокот на одбраната реагира според планот.
Челзи во следното коло гостува кај Брајтон, а Вест Хем е домаќин на Брентфорд.

