И Струга помина на „менито“ на Тиквеш, кавадарчани максимални во Суперлигата

Ракометарите на Тиквеш продолжуваат со перфектниот старт на сезоната во Суперлигата. Кавадарчани ја запишаа третата победа од исто толку натпревари, а вечерва на менито им беше Струга, која што ја совладаа со сигурни 27-22 (14-10).

  • Комплетниот натпревар меѓу Тиквеш и Струга:

Стружани беа рамноправен противник само во воведните минути, откако по 2-2, домаќините фатија ритам и почнаа да градат позитива, која што за краток период достана пет гола (7-2). Во продолжението од првиот дел Струга успеа да се соземе и да ја прекине серијата на противникот, но не и да направи нешто повеќе, па така на пауза се замина со предност на Тиквеш од четири гола (14-10).

Тиквеш во грч го отвори вториот дел и Струга го искористи тоа и намали на само еден гол негатива, но немаше сили за целосен пресврт и на крај му подаде рака на противникот за заслужената победа (27-22).

Симиќ и Мајиќ со по шест гола беа најдобри во таборот на Тиквеш, додека прв стрелец за Струга беше Бугариновиќ со осум.