ВИДЕО: И старо и младо што е за ПАОК излезе на протест против грчката лига

Фудбалската федерација на Грција му изрече казна на ПАОК со одземање на три бода и два меча без публика поради што на меѓусебниот дуел човек од Олимпијакос бил погоден со предмет, а сето тоа донесе големи протести во Солун од страна на приврзаниците на овој клуб.

Дербито меѓу ПАОК и Олимпијакос требаше да се одигра на 25 февруари, но истото беше одложено затоа што тренерот Оскар Гарсија беше погоден со ролна хартија во главата. Челниците на грчката лига го регистрираа мечот со службени 3-0 за атинскиот клуб, а исто така го казнија и ПАОК со одземање на три бода и два меча без публика.

Тоа предизвика револт кај раководството и кај навивачите, по што следеше голем протест. Улиците во Солун се блокирани, а покрај навивачите на улица се фудбалерите и клупското раководство, како и децата од младинските категории.

Најавен е уште еден протест на ПАОК, пред неделниот меч со АЕК. ПАОК чека на титула во првенството уште од 1985 година.