И Премиер лигата откажа натпревар поради големото невреме

Бурата наречена „Сиера“ откажа уште еден фудбалски натпревар во западна Европа. Откако утрово, Бундеслигата донесе одлука натпреварот меѓу Борусија Менхенгладбах и Келн да не одигра, заради лошото време одложен е и натпревар во Премиер лигата. 

<<< ПОВРЗАНО - Бурата наречена „Сабина“ одложи натпревар од Бундеслигата

Поради недоволната безбедност на фановите и фудбалерите, дуелот меѓу Манчестер Сити и Вест Хем нема да започне, односно презакажан e за друг датум, кој ќе биде познат во следните денови. 

Бурата Сиера ја зафати и Велика Британија, а поради силните ветрови и лошото време до крајот на денот можно е да се откажат уште неколку фудбалски натпревари.