ВИДЕО: И навивачите на Арсенал со поддршка за Роналдо – едноминутен аплауз на „Емирати“

Екипите на Арсенал и Манчестер Јунајтед го играат дербито од 34. коло во Премиер лигата. Иако се долгогодишни ривали, навивачите на Арсенал покажаа почит кон Кристијано Роландо и во седмата минута со овации му аплаудираа на португалскиот ас, како што тоа го направија навивачите на Ливерпул пред три дена.

Имено, Роналдо и неговата партнерка Георгина го загубија новородениот син, поради што Португалецот не играше на дербито со Ливерпул кое Јунајтед го загуби со 4-0. 

По првото полувреме на „Емирати“, Арсенал води со 2-1 со головите на Нуно Тавареш и Букајо Сака, додека Роналдо погоди за намалување на водството. Така искусниот напаѓач влезе во историјата, постигнувајќи сто гола во три различни лиги каде настапува, но и во четвртиот дрес во кариерата. Брилијантниот португалски напаѓач одамна ја надмина границата од сто гола за националниот тим (115), а преку сто гола има уште во Примера и Серија А.

Состави

Микел Артета

4-2-3-1

    Ралф Рангник

    4-2-3-1