ВИДЕО: И најдобриот голман понекогаш греши – Гачевски подари гол во Кратово

Екипата на Силекс има предност во дерби-дуелот со Вардар во Првата лига (1-0), со погодок кој падна во 12. минута од мечот.

Реализираше Дарко Грозданоски, кој ја искористи грешката на вардаровиот голман Филип Гачевски. По еден силен шут на Додев, Гачевски ја испушти топката од раце, а таа заврши пред Гроздановски кој не погреши.

  • Голот на Силекс против Вардар:

За Грозданоски ова е втор гол сезонава во Првата македонска фудбалска лига.