ВИДЕО: И на големите им се случува ова – Пандев успеа да промаши невозможно

Екипата на Џенова го забележа деветтиот пораз во новата сезона на италијанската Серија А, откако вечерва на домашен терен беше надиграна од Аталанта (1-2). 

Нашиот репрезентативен капитен, Горан Пандев, мечот на „Луиџи Ферарис“ го започна од првата минута, тој ја започна акцијата за голот на Џенова, но во 50. минута го промаши немозможното, откако во два наврати од само неколку метри не успеа да го совлада Бериша. 

Со овој пораз Џенова остана на 16. позиција на табелата во Серија А со скор од само три победи, четири реми средби и девет порази.