И легендарниот Кварезма би аплаудирал: Спектакуларен гол на фудбалер на Хајдук (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Хајдук и Вараждин во рамки од 30. коло од шампионатот на Хрватска (ХНЛ) донесе очекуваната победа на домашните од 2-0, но и еден велемајсторски погодок.

Предност за „белите“ донесе Бенрахо, со гол кон средината на првиот дел, а во 65. минута од натпреварот се случи магичен момент, а главната улога ја имаше Емир Сахити, фудбалер на Хајдук. Откако ја прими топката по десната страна, со мајсторски дриблинг се ослободи од директниот чувар, а потоа постигна феноменален гол со надворешно ефе, во стилот на легендарниот Кварезма. 

  • Мајсторијата на Емир Сахити против Вараждин:

24-годишниот ас на Хајдук е добро познат кај македонската јавност, затоа што своите фудбалски почетоци како професионалец ги имаше во Работнички, клуб за кој настапуваше од 2015 до 2018 година.

Хајдук е на втората позиција на табелата и сега заостанува десет бода зад лидерот Динамо Загреб.