ВИДЕО: И Кротоне си има свој Роналдо – Јуве за две седмици двапати прими гол со „ножички“!

Синоќа актуелниот бранител на титулата во Серија А, Јувентус забележа неочекуван кикс и одигра само 1-1 против „малиот“ Кротоне, но и покрај изненадувачкото реми, мечот ќе биде запаметен по погодокот на домашниот фудбалер Сими. 

Нигерискиот напаѓач во 65. минута во стилот на Роналдо со фантастични „ножички“ го стресе Шчешни и донесе голем бод за својата екипа. 

Овој погодок на Сими е втор со „ножички“ за само две седмици кој го примил Јувентус, по незаборавниот гол на Кристијано Роналдо во рамки од првиот четвртфинален меч во Лигата на шампионите.