• Мартин Танасковски

Ирскиот дефанзивец Ворен О'Хора, кој летово беше стрелец против Шкендија во квалификациите за Конференциската лига, направи значаен чекор во својата кариера и официјално се пресели во Лестер Сити.
Трансферот беше потврден на самиот крај од летниот преоден рок, а англискиот клуб го ангажираше од шкотски Хибернијан за необјавена сума.
О'Хора беше еден од клучните играчи на Хибернијан и остана запаметен и кај македонската јавност откако постигна гол во победата од 2-1 над Шкендија во Единбург во квалификациите за Конференциската лига.
Дваесет и седумгодишниот централен бек потпиша тригодишен договор со Лестер, каде повторно ќе соработува со Расел Мартин, тренер со кого веќе работеше во редовите на МК Донс.
За О'Хора ова ќе биде враќање во англискиот фудбал, откако во минатото беше дел од Бохемианс, Брајтон, МК Донс и Хибернијан.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.

