И Даблин потврди дека останува домаќин на ЕУРО 2021

Фудбалската асоцијација на Ирска (ФАИ) и официјално испрати потврда до Европската куќа на фудбалот (УЕФА) дека следната година Даблин ќе биде домаќин на веќе закажаните четири натпревари од Европското првенство.

Европското првенство требаше да се одржи ова лето, но поради пандемијата со коронавирус беше одложено за 2021 година, со цел земјите да имаат можност да ги доиграт домашните шампионати. 

Поради одложувањето, но и поради ситуацијата со корона-кризата, УЕФА побарала од сите 12 градови домаќини да потврдат дека и во 2021 ќе бидат подготвени за организирање на натпреварите.

Досега потврда стигнала од Лондон, Глазгов, Санкт Петербург, Минхен, Копенхаген, Букурешт, Баку и Даблин.