И Азербејцан е голем залак за оваа Ирска

Од генерацијата предводена од Мик Мекарти како селектор на Светското првенство 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја, дури седум селектори не успеаја да ги однесат „зелените“ на најголемиот планетарен турнир, а нема ниту осмиот - Стивен Кени. Покрај тоа, поранешниот селектор на младата репрезентација на оваа земја има најлош учинок од сите негови претходници во последните педесет години (1-9-6), но колку што е до него, толку е и до тимот во кој веќе нема играчи од светска класа.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Азербејџан - Ирска

Кени започна со подмладување до одреден степен, но ниту тоа не донесе никаков напредок, бидејќи „младите лавови“ на кои им ја даде можноста најчесто играат во пониските англиски лиги или само во Куп натпреварувањата. Столбот на тимот се ветерани кои одамна го минаа зенитот и само спорадично, на искуство или со многу среќа, како што беше случајот против Србија пред еден месец, избегнуваат пораз.

Азербејџан е исто така противник кој има целосно право да се надева на позитивен резултат против Ирците. Навистина, не е ниту тим за големи дела, но е доста добро координиран бидејќи неговиот костур се состои од фудбалери на Карабах, кој е сè поважен фактор на меѓународната сцена. Во исто време, сериозните инвестиции во домашната лига и ангажирањето квалитетни странски играчи и тренери го подигнаа нивото на репрезентацијата и технички и тактички, што најдобро се виде во тесните порази од Португалија и Србија, а и во септемвриското реми со Ирска во Даблин.

Сите квоти во MOZZART за останатите натпревари од квалификациите за СП

Тренерот Џани де Бјази, сигурно нема да отстапи од тактиката што му донесе 1-1 на тој натпревар - зголемена одбрана, пресинг и контранапади - така што очекуваме домаќинот да извлече барем реми, се разбира, со 0-2.