• Иван Димовски

Македонскиот тим Гостивар ја забележа втората победа во подготвителниот период за време на престојот во хрватски Ровињ. Гостиварчани славеа минимално на тестот против словенечка Горица со 1-0 (1-0).
Единствениот погодок на натпреварот беше дело на Зени Хусмани кој во 11. минута го пронајде патот до мрежата на ривалот. По едно нафрлување од левата напаѓачка страна топката прелета преку шеснаесетникот и на втора статива ја сочека Хусмани кој ја испрати во мрежата за 1-0.
Овој натпревар не понуди други погодоци и Гостивар ја впиша втората победа откако претходно триумфира против Сараево, а во Ровињ забележа порази од Словачко и Уљаник Пула.
Гостивар на стартот на втората полусезона во ПМФЛ на 16 февруари ќе биде домаќин на Струга Трим Љум.