Хусмани се врати на познат терен, од Шкендија премина во Домжале

Во текот на оваа зима, екипата на Шкендија се раздели со неколку фудбалери, меѓу кои беше и Зени Хусмани.

Неговата авантура во Тетово траеше кратко, а со настапите не ги оправда очекувањата. Кариерата на 29-годишникот ќе продолжи на препознатливо место.

По две години пауза, искусниот играч за врска ќе се врати во Домжале. Тој претходно ги бранеше боите на словенечкиот прволигаш цели шест и пол сезони, пред да замине во Гиресунспор од Турција.

Хусмани ќе биде дел од големата бројка странци во клубот. Дури 11 фудбалери немаат словенечко потекло, што е рекорд во историјата на тимот од Словенија.