• Зоран Мишевски

Алжирската фудбалска федерација на националната телевизија објави дека Хусем Ауар дал согласност да се приклучи на репрезентацијата на Алжир. Претседателот на алжирската федерација откри и дека има преговори со некои други играчи кои се подготвени да го променат своето спортско државјанство и да ги бранат боите на земјата од која потекнуваат.
Извори блиски до самиот играч истакнаа дека има разговори и преговори, но дека уште не е постигнат конечен договор, иако Ауар е подготвен да се откаже од дресот на француската репрезентација за да игра за Алжир.
Тука нема ништо чудно.За играчот на Лион нема место во францускиот тим, не учествуваше на последните две големи натпреварувања (Европско и Светско првенство), додека во Алжир сигурно би имал многу поголем статус на ѕвезда. 24-годишниот играч од средниот ред е роден во Лион, но има алжирски корени. Досега има само еден настап за сениорската репрезентација на Франција, играјќи на пријателскиот натпревар против Украина во победата од 7-1, кога пред две и пол години забележа и две асистенции. Таа година беше повикан за натпреварите во Лигата на нации против Португалија и Хрватска, но и во двата случаи Дидие Дешам не му даде шанса, што му дава можност сега да игра за Алжир. Тој претходно одигра 15 натпревари за У21 тимот на Фрација и постигна четири гола.