Хунтелар ќе го спасува Шалке: Одлуката ќе биде тешка, но верувам дека Ајакс ќе ме пушти

Холандскиот напаѓач, Клас Јан Хунтелар сака да се врати во „својот“ Шалке 04 и да му помогне на тимот до Гелзенкирхен да го избегне најцрното сценарио оваа сезона – испаѓање од Бундеслиагта. 

Шалке игра катастрофално оваа сезона во домашниот шампионат и со само една победа и седум бода на последната позиција на табелата, што секако е разочарувачки за еден од најкултните германски клубови.

„Шалке? Морам уште еднаш да размислам добро, а потоа да разговарам со луѓето од Ајакс. Дефинитивно ќе биде тешка одлука, но верувам дека Ајакс ќе ме пушти. Повторно се гледам себеси во Шалке“, рече Хунтелар. 

Искусниот центарфор (37) најголемиот дел од својата кариера ја мина токму во Шалке, настапувајќи од 2010 до 2017 година.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.