ВИДЕО: Хумелс како расен голгетер – со волеј ѝ даде ЕВРОГОЛ на Арминија!

Фудбалерите на Борусија Дортмунд победија на гостувањето кај Арминија во Билифилд (0-3), во пресметката од деветтото коло на Бундеслигата. Иако беа без доста повредени играчи, а во тимот го немаше ниту најдобриот Ерлинг Халанд, „милионерите“ лесно се справија со аутсајдерот. 

Со головите на Емре Џан, Хумелс и Белингем гостите стигнаа до победата на „Шуко Арена“. Особено ефектен погодок успеа да постигне стоперот Матс Хумелс. Тој во стил на расен голгетер, реагираше инстинктивно и со волеј даде еврогол во 45. минута. 

  • Атрактивниот гол на Хумелс од повеќе агли:

Хумелс сочека одбиена топка по корнер на околу 16 метри, па веднаш „распали“ и ефектно го матираше противничкиот гол. Со сигурност, ова ќе биде еден од најдобрите голови во сезоната, а особено интересно е што дојде од стопер.