• Горан Упале

Ниту смената на тренерот Фавр не донесе промени во редовите на Борусија Дортмуд, барем не во првиот натпревар под водство на новиот стратег Един Терзиќ.
„Милионерите“ синоќа можеби беа фаворити на хартија против Унион Берлин, но повторно со наведната глава завршуваат еден натпревар во Бундеслигата, а нивното разочарување најдобро го отслика искусниот Матс Хумелс. По натпреварот во Берлин, поранешниот репрезентативец на Германија требаше да даде изјава, а пред да го стори тоа својот бес го истури врз банерот кој стоеше зад него. За среќа истиот не се скрши и беше избегнат поголем инцидент.
- Моментот кога лутиот Хумелс го удри банерот:
Ganz ruhig Mats #FCUBVB #UnionBVB @matshummels #bvb #Bundesliga pic.twitter.com/HQ9jWLbo7P
— FootballDaily (@ThizIzFootball) December 18, 2020
За Борусија ова беше трет пораз на последните пет натпревари и моментално ја зазема четвртата позиција на табелата во Бундеслигата.