Хумани пелистерци: Даруваа крв како дел од акцијата за спас на нечиј живот

Спортистите се хумани луѓе и тоа секојдневно го покажуваат.

Деновиве успешно е спроведена првата крводарителска акција на македонскиот прволигаш - Пелистер од Битола. Дел од управата и неколку фудбалери донираа крв во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола со цел да спасат нечиј живот. 

„Ве охрабруваме сите кои сте во можност да го направите истото“, порачаа од Пелистер.

Битолчани се сред припреми и централната фаза ќе ја реализираат од 24 јануари во Охрид.