Хулк, што направи? „Проектил“ на 39-годишниот Бразилец и кандидат за Пушкаш! (ВИДЕО)

Бразилската ѕвезда Хулк покажа дека и на 39 години сè уште има вистински „топ“ во своите нозе. Ветеранот беше стрелец на погодок во победата на неговиот Атлетико над Васко да Гама (5-0) за крај на сезоната во бразилската Серија А. 

Погодокот на Хулк беше вистинска мајсторија, можеби и кандидат за наградата „Ференц Пушкаш“. Бразилецот погоди од околу 35 метри во голманската страна директно од слободен удар. 

За Хулк ова беше осми сезонски погодок. Тој беше најдобар стрелец на Атлетико во веќе завршената кампања, а тимот се пласира на 11. позиција и избори пласман во Копа Судамерикана.