• Зоран Мишевски

Несекојдневен рекорд е поставен во најсилното клупско натпреварување во Јужна Америка - Копа Либертадорес. Имено, бразилскиот клуб Атлетико Минеиро го победи Индепендиенте дел Вале со 3-1 и постави нов рекорд за натпревари без пораз во Копа Либертадорес. Во 62-годишната историја на турнирот ниту една екипа не успеала да остане непоразена на осумнаесет наторевари, колку што изнесува серијата на Бразилците.
Хулк постигна два гола, а иако Вилијам Андрес Варгас Леон врати еден гол за шампионот на Еквадор на осум минути пред крајот, Савио го постави конечниот резултат.
- Извештај од натпреварот:
Атлетико е лидер во групата Д и веќе се квалификува за осминафиналето на турнирот.