ВИДЕО: Хулк е фудбалски „ѕвер“ – фрли противник неколку метри од себе како од шега

Хулк

Хулк се врати во бразилскиот шампионат и потпиша со екипата на Атлетико Минеиро. Ветеранот се наоѓа во завршниот дел од кариерата, што не може да се забележи според неговиот физички изглед.

Бразилецот важи за еден од најсилните фудбалери на светот, а тоа го покажа на последното појавување на терен. На дебито против Уберландиа тој запиша една асистенција во убедливата победа од 4-0.

Меѓутоа стана хит на социјалните мрежи со еден потег, кој ја докажува неговата физичка моќ во однос на конкуренцијата.

Шест години помладиот Франко се обиде да му парира на Хулк и направи голема грешка...