ВИДЕО: Хулиганите во Тел Авив го „откажаа“ дербито меѓу Макаби и Хапоел

Израелската полиција и властите во државата мораа да го откажат дерби-натпреварот од седмото коло во домашното првенство, каде требаше да се сретнат вечните ривали - Макаби и Хапоел од Тел Авив. 

Тензичната атмосфера кулминираше пред почетокот нан мечот, а низ градот се случиле повеќе сериозни инциденти, во кои се приведени 40 хулигани. 29 лица побарале лекарска помош, меѓу кои се и тројца припадници на полицијата. 

Домаќин на мечот беше Макаби, но случувањата на трибините и стотиците факели кои „полетаа“ на теренот, едноставно не дозволија дербито да се одигра. Двете екипи во моментов се наоѓаат на втората и третата позиција на табелата.